еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Трошоците сѐ повеќе растат: Вредноста на синдикалната кошница во август 1.000 евра

Вредноста на минималната кошница во август изнесувала 61.199 денари, што претставува зголемување за 629 денари во однос на јули, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

„Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни.

Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот.

Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани,“ велат од ССМ.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема простор за никаква паника, има доволно нафта и нафтени деривати, вели Бектеши

Редакција

Доживотен затвор за двојниот убиец од Струмица

Редакција

Во штипските конфекции досега регистрирани 55 лица позитивни на корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница