еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсени 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп.

Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука.

-По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двајца менаџери на угостителски објекти во Скопје, пуштале музика во денови на жалост

Славеле роденден: Двајца приведени за огнометот во Градски Парк

(Видео) Огномет за време на денови на жалоста во Скопје, граѓаните згрозени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Габриел Бајрам призна вина за насилство и доби казна затвор од три месеци

Редакција

Санкционирани 478 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Редакција

Бесплатни онлајн сесии со лиценцирани психолози за лица погодени од пожарите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница