еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Уште денеска убаво време, од утре дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголеми. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.

Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор

Редакција

Шест лица од кои четворица полицајци, повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Редакција

Која е Светлана Мојсов, Македонка која е меѓу 100. највлијателни во светот според „Тајм„

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница