еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Фестивал на домашно пиво во Diamond Mall

Љубителите на пиво ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво. Од 28 до 30 јуни во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на домашни пива, информираат од таму.

На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, за време на фестивалот ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање.

На фестивалот своите пивски производи ќе ги претстават Пиво Лабс, БАК, Курај биер, Белеза и Сакампиво.мк, а покрај македонските производители, својата палета на пива ќе ја презентира и една од најстарите и најпознати пивари од Холандија, Бавариа.

Освен во атрактивните пивски брендови, посетителите ќе уживаат и во деликатеси од зреено месо и продукти на производителот на месни преработки „Гавриловски“.

Овој несекојдневен настан во организација на Diamond Mall има за цел да ги поддржи и промовира малите производители на пиво и нивниот талент и знаење за производство на овој исклучително популарен пијалак, особено во летните месеци.

Посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните што стојат зад пивата произведени во мали количини, кои не се достапни за широка потрошувачка.

И овој настан е можност за стекнување нови искуства и интересни доживувања благодарение на уникатниот концепт што го нуди Diamond Mall, кој претставува спој на одличен шопинг, гастрономски истражувања и можности за дружење и забава, велат од таму.

Како резултат на ваквата понуда Diamond Mall прерасна во едно од омилените места за посета во Скопје, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро отвараме редакција во Македонија, вели за еМагазин, првиот човек на Блумберг Адрија, Само Ошина

Редакција

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Редакција

Промени во времетраењето на сертификатите внатре во Грција, за влез во земјата правилата остануваат исти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница