еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Фондот за здравство одбил да го покрие лекувањето на Леонид во Виена

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски на Фејсбук информираше дека Фондот за здравство (ФЗО) одбил да го покрие лекувањето на младиот Леонид Индов, во Виена, Австрија.

Изминативе месеци цела Македонија собира пари за лекување на Леонид, кој неодамна со државниот медикоптер беше транспортиран во Виена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леонид Индов замина на лекување во Виена, тој е првиот пациент кој со медикоптерот е транспортиран во друга држава.

-Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена.

Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето.

При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија.

Државата си игра со човечки живот.

Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, пишува Андоновски.

Собирањето на донации за Леонид се уште е во тек.

Еве како можете да помогнете:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ужасот на војната во Мариупол снимен со дрон

Редакција

Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри

Редакција

Се испитува како починал професорот Кожухаров, кој е пронајден починат во својот автомобил во Црна Река

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница