еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Адвокат од Скопје се бара со меѓународна потерница, осомничен е дека предизвикал пожар во Адвокатската комора

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна пoтeрница за адвокатот Александар Ристески (41) од Скопје.

Тој е осомничен дека на 25. ноември со умисла се обидел да ги запали просториите на Адвокатската комора, предизвикувајќи пожар на скалите во зградата во која е сместена Комората.

Во зградата на Комората дошол маскиран со „фантомка“, со секира ја скршил влезната врата, а потоа наредил коцки за потпалување со керозин на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и ги потпалил со употреба на плинската запалка.

По пожарот тој избегал од државата преку граничниот премин Блаце кон Косово.

Се товари за тешки дела против општата сигурност, за кои е предвидена повеќегодишна затворска казна.

Според Јавното обвинителство причинетата штета од пожарот се проценува на околу 150 илјади евра.

Медиумите пишуваат дека на Ристески неодамна му била одземена адвокатската лиценца на три години, откако Центарот за социјални работи во Свети Николе го пријавил дека нападнал службеници на Центарот и дека им се заканувал во врска со случај кој го водел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва без вода ќе останат дел од Клинички центар, Водно, Козле и Сарај

Редакција

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Редакција

Русија повторно ја зголемува испораката на гас преку Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница