еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Величествена и импозантна божиќна пештера, поставена на Плоштадот во Скопје

На плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот.

„Ова ремек дело, кое плени со својата возвишена естетика, претставува можност за сите нас автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање.

Посебна благодарност до вајарот Зоран Тошески кој заедно со својата сопруга Македонка и тим на волонтери, успеаа да созадат дело кое на идните генерации ќе им сведочи за љубовта кон Бога, кон доброто и убавото.

Дојдете заедно да се израдуваме, понесете ги вашите најмили, мали и големи, млади и возрасни, та сите да уживаме во оваа прекрасна глетка, која ги топли нашите души. Да ја пренесеме божиќната радост во сечие срце и во секој дом,“ велат од Бадникови поворки.

Фото: Бадникови поворки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

Редакција

Обвинителство со детали за притворот за Камчев

Редакција

„На колку е осуден Муковски? На 210 тендери“: Твитер за пресудите за 27.април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница