еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Изложбата „Флора“ на едно место ги обедини љубителите на уметноста во Тетово

На 28. октомври беше отворена изложбата на акварели „Флора“ на графичарката Ивана Настески во нејзиниот роден град Тетово. На отворањето на овој значаен културен настан во градот, Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ на едно место ги собра сите љубители на уметноста. Со изложбата „Флора“ всушност се одбележа нејзината прва изложба и зачекорувањето во уметноста пред 20 години.

„„Флора” се случи (не)случајно и етапно помина низ бројни фази. Од секогаш сум ги сакала цвеќињата кои го опкружуваат мојот дом и ателје. Тој микро свет, за мене, е фасцинантен.

Всушност сакав да им дадам значение на оние (не)видливи нешта кои се околу нас, покрај кои понекогаш и бегло поминуваме не забележуваќи ја убавината со која зрачи дури и едно малечко кокиче или оној раскошен лилјан придружен со валандовска калинка.

Се обидов на цвеќињата кои сум ги видела или допрела да им вдахнам живот, и тие да живеат и позади стаклото на рамката во која се врамени. Би сакала „Флора“ да даде надеж, боја и зрак светлина. „Флора“ нека биде ведрата страна на животот и симбол за малите животни радости,“ вели Настески за еМагазин.мк

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обоената животна приказна на графичарката Настески, која одбележува 20 години творештво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Крива Паланка за малку тепачка за крстот, во Оровник не го најдоа

Редакција

Вкупно 1.207: Нови 37 случаи на коронавирусот, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Мукаетов и членови на УО на Алкалоид купија акции на компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница