еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои се среќлиите кои го фатија крстот за Водици, во Охридско езеро, Радика, Вардар и Црн Дрим

Денеска православните христијани го прославуваат големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан.

Се осветуваат земјата и водите, а во езерата и реките се фрлаа крстови.

Најзначајните манифестации се одржаа на водите на Охридско езеро, реките Вардар, Радика, Црн Дрим.

Во Охрид, чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро го положи поглаварот на МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан. Крстот, по втор пат го фати Мартин Гоџо.

Теодор Јовевски го фати светиот крст што денеска беше положен во водите на реката Вардар во Скопје од владиката Јосиф.

Триесет и деветгодишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим.

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bigorski Manastir (@bigorskimanastir)

„Нашето општество мора да се темели на меѓусебната почит и стремежот кон соживот. Нека оваа празнична свеченост нè потсети на нашата обврска да го чуваме и унапредуваме заедничкото живеење, прифаќајќи ја различноста како вредност која нè збогатува сите нас,“ порачаа од Владата за празникот.

Фото: Општина Струга/Општина Охрид/Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 6% пораснале угостителските услуги

Редакција

Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло, рече Радев на свечена церемонија во Благоевград

Редакција

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница