еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Објавени детали за жената која кај Прешево ја рани маж од Тетово, кој се самоуби

Обидот за убиство на 30-годишната жена кај Прешево од страна на 52-годишен маж од Тетово е во фокусот на српските, но и на македонските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Тетово е 52-годишниот маж кој рани жена од Србија кај Прешево

Како што е познато тетовчанецот откако ја рани жената со неколку куршуми, која е Велика Дренова, Србија, се самоуби на местото на злосторството.

Српски „Блиц“ објави дека таткото на триесетгодишната В.Ј. (30) е Пакистанец. Има две сестри, а со тетовчанецот била во љубовна врска.

Жената пред да се запознае со тетовчанецот била во брак и имала две деца. Го напуштила семејството за да биде со него во Швајцарија.

Таа моментално е во Ургентниот центар во Ниш.

Констатирани и се повреди на душникот, вратните пршлени и влегување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна.

Итно и била извршена хируршка интервенција.

Фото: Фејсбук/Блиц

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани околу 1.700 Македонци добиле бугарски пасоши

Редакција

Заев подготвен да оди во Софија и да замоли за решение

Редакција

ДИК: До 19 часот излезноста 45,77 проценти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница