еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Спајдермен, Бетмен и други суперхерои ги посетија децата на Клиниката за детски болести во Скопје

И оваа година Тимот за одговор при катастрофи и Тимот за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен, Мини.., а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Настанот, кој се одржа вчера е во организација на Црвениот крст на Град Скопје и под мотото “Да подариме насмевка” се одржа по шестти пат.

Малите пациенти покрај насмевки, прегратки и љубов добија и новогодишни пакетчиња за претстојните празници.

Општинската организација на Црвен крст Центар е донатор на пакетчињата, а костимите се на aнимација Банбино.

Фото: Црвен крст на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Мијалков со полициска придружба спроведен во затворот во Шутка

Редакција

Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“, до крајот на годината се планира целосно отстранување на отпадот

Редакција

Двајца браќа на 21 и 26 годишна возраст починаа од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница