еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фруктал Мак лани со намалена добивка

Фруктал Мак АД Скопје лани остварил вкупни оперативни приходи од 449.884 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.

Во истиот период претходната година Друштвото имало вкупни приходи од  453.554 илјади денари.

-Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 432.986 илјади денари и се бележат намалување .

Финансиските приходи изнесуваат 1.661 илјади денари и се зголемени во однос на минатата година.

Оперативните расходи изнесуваат 457.427 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година кога биле 423.078 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 2.091 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка изнесува 2,051 илјади наспроти остварената добивка од 20.193 илјади денари за истиот период претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фруктал Мак со драстичен пад на добивката

Фруктал Мак лани со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија2025 со силен придонес за економскиот развој фокусиран на младите

Редакција

ДУИ бара усогласување на партиите за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се уште без став  

Редакција

Утре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница