еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Функционерите нема да добијат ново покачување на платите за 15%, покачувањето од 78% останува

Функционерите од април годинава нема да добијат ново покачување на платите за 15%.

Денеска во македонското Собрание беше усвоен пакетот од шест закони, со кои засега се стопира ново поголемо покачување на платите на функционерите.

Сепак тие ќе добијат помало покачување на платите, од 500 до 2.000 денари.

Минатогодишното зголемување на платите од 78% останува.

Со овие законски измени се опфатени околу 1.060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

За платите на функционерите пак кои се именувани директно од Владата и не се опфатени со законските измени, се разгледува законска можност за интервенција со владина одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Словачка го запира увозот на жито и прехранбени производи од Украина

Редакција

Заев и Мицкоски вечерва на средба во Владата

Редакција

401 казна за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница