Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
За 0,212 денари за килограм се намалува само цената на Мазутот М-1 НС, кој со новата одлука ќе се продава за 36,780 денари за килограм.
Од вечерва на поноќ Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 71,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 73,50 денари за литар, дизелот за 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 64 денари за литар.