еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе сведочат и сите обвинети за убиството на Вања и Панче

На следите рочишта од судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес ќе сведочат сите обвинети.

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо ќе сведочи последен. Прв ќе сведочи Велибор Манев, потоа Боре Видевски, па Влатко Кешишов, а по него и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Вчера Основното јавно обвинителство Скопје заврши со изведувањето на докази.

Од таму презентираа видео снимки од дворот на Манев, кои според Обвинителството покажуваат дека обвинетите (освен таткото на Ѓорчевска) биле заедно вечерата пред убиството на Жежовски.

Исто така, според Обвинителството, имало и еден неуспешен обид за грабнување на Ѓорчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имало еден неуспешен обид за грабнување на Вања, на 24. ноември, велат од Обвинителството

Палевски и други обвинети се снимени во дворот на Манев вечерта пред убиството на Жежовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По најавата за самостојно делување на пратеници на ЛДП, од СДСМ велат дека мнозинството во Собранието е стабилно

Редакција

Заврши увидот во Избирачкиот список, неизвесно дали ќе има гласање во дијаспората

Редакција

Шест лица не ја почитувале мерката за самоизолација, а 1.071 не носеле маски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница