еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се реновира Охридскиот аеродром, еве што сè планира

Ќе се реновира аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

До март следната година аеродромот треба да добие нова административна зграда со површина од 250 метри квадратни, нов канцелариски простор со површина од 120 метри квадратни, помошни простории од 130 метри квадратни, нов наменски простор за обезбедување на аеродромската зграда, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2 000 метри квадратни на двете нивоа и целосно нов сообраќаен режим на постојниот паркинг.

Предвидената инвестиција е во висина од 2,7 милиони евра, а средствата се обезбедени во договор со компанијата ТАВ Македонија и се дел од договорот за концесија.

Ова е прво реконструирање на Охридскиот аеродром откако е изграден.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуфорија на Твитер за местенката на Заев: „Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг“

Редакција

Гранит со добивка во првите шест месеци

Редакција

Сите министри во новата Влада: Детален преглед

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница