еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Волонтерска акција за позелена иднина во Лозово

ЕВН Македонија заедно со Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција  во Штип, реализираа волонтерска акција за садење на 300 садници во општина Лозово, како резултат на долгогодишната посветеност кон одржливиот развој и заштитата на животната средина, информираат од таму.

Во рамки на проектот за волонтирање на ЕВН, групата од 14 волонтери заедно со општинските претставници работниот ден го посветија на пошумување на одредени локации. Со оваа акција се придонесе кон позелено и почисто Лозово, а со тоа и подобар квалитет на живот на населението во подолг рок.

Проектот на ЕВН кој овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата, од обмислување до реализација на идеите, започна во јули 2017 година. До сега се реализирани 57 активности со над 600 вработени.

Волонтерските активности се дел од континуираните напори на ЕВН Македонија за спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание врз животната средина. Компанијата е целосно посветена на поттикнување на вработените и реализација на активности со цел подобра иднина за сите граѓани, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пролетни температури: Топлото време продолжува и за викендов

Редакција

Сиљановска Давкова го потпиша указот на Законот за реорганизација на министерствата

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 287,8 илјади евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница