еМагазин
Забава

Возбудливо финале на ТРИУМФ: Најекстремни предизвици досега за награда од 3.000 евра

Многу адреналин, најекстремни каскадерски предизвици досега и тестови на издржливост и храброст до крајни граници. Вака може да се опише финалната епизода, со која заврши првата сезона на адреналинското шоу ТРИУМФ, кое се емитува на платформата GLEY или на YouTube каналот LAZAROV, и кое со секоја нова епизода соборува рекорди на гледаност.

Последната и најекстремна епизода на ТРИУМФ заврши со триумф на тимот од Крива Паланка, кој во директна борба со екипите на Новаци и Неготино стигна до паричната награда од 3.000 евра.

Натпреварувачите во финалето мораа да се соочат со опасни предизвици кои вклучуваа змија, лебарки, мраз и ковчег, тестирајќи ја својата храброст и издржливост на патот до примамливиот паричен износ.

Финалната епизода донесе и променет формат со само една главна игра, а како и секогаш, имаше и мини-игра пред главниот настан, која одреди кој тим ќе има предност и кој прв ќе стартува. Тимовите мораа да се потпрат на брзината и стратегијата за да добијат предност пред своите ривали.

Главната игра беше поделена во четири сектори, кои претставуваат единствени и огромни предизвици. Форматот на натпреварот ја тестираше не само физичката сила и издржливоста на натпреварувачите, туку и брзото размислување и тимската работа под притисок. Секоја секунда е важна, а најмала грешка може да чини конечен триумф.

Најновата епизода (финале) веќе е достапна и на YouTube каналот на Лазаров на следниот линк.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на оркестарот на институтот „Фејмс“ под диригентската палка на светски познатиот Тимоти Редмонд

Редакција

(Видео) Денеска детски избор за песна за Евровизија: Гласајте за нашите преставници и од Македонија

Редакција

(Фото) Во сладолед знаат да уживаат и животните од Зоолошката градина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница