Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да почне судењето за Љупчо Палевски Палчо и останатите четворица обвинети за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Меѓу нив е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Палевски е обвинет дека бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата на малолетната Ѓорчевска и на Жежовски.
Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата.
Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази
За што е обвинет таткото на Вања?