еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Најблиску до сега:„Часовникот на судниот ден“ поместен на 89 секунди до полноќ

Групата Билтен на атомските научници (БАС), која раководи со т.н. „Часовник на судниот ден“, го помести истиот на 89 секунди до полноќ, најблиску што бил досега.

Часовникот симболично покажува колку е блиску светот до уништување, а според БАС главните причини за поместувањето се нуклеарните закани, потенцијалните злоупотреби на напредокот на биологијата и вештачката интелигенција, како и климатските промени.

„Бидејќи светот е веќе опасно блиску до пропаст, поместувањето макар и од една секунда треба да се сфати како показател за екстремна опасност и непогрешливо предупредување дека секоја секунда одложување во враќањето на курсот ја зголемува веројатноста за глобална катастрофа“, информираа од БАС

Часовникот го предупредува човештвото од 1947 година на опасносните од нуклеарна војна. Стрелките се поместуваат врз основа на анализите на егзистенцијалните закани, а полноќ ја означува теоретската точка на уништувањето.

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кога се роди Едон тежеше 940 грама, по 77 дена во болница си заминува дома

Редакција

(Фото) Ист Гејт Мол: Поплавата настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски

Редакција

МЕПСО доби нов директор и членови на Управниот и Надзорниот одбор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница