еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

17-годишното момче со аутизам било врзано со фиксатори заради агресивност, инспекторите не утврдиле пропусти во болницата во Демир Хисар

В.д. директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Рената Младеновска, по информациите во јавноста дека во Психијатриската болница во Демир Хисар е малтретирано 17-годишно момче, денеска изјави дека е извршен вонреден инспекциски надзор во болницата и дека станува збор за малолетно лице, кое поради изразена агресија, родителите го однеле во оваа болница.

Младеновска посочи дека момчето било сместено во адолесцентското одделение, меѓутоа поради неговата изразена агресија и напад на пациентки од женски пол, лекарите одлучиле да го префрлат во соба за фиксација наменета за пациенти кои појавуваат изразена агресија или насилничко однесување.

-Фиксаторите се наменети за пациенти кои имаат насилничко однесување, кои што се агресивни. Воопшто не станува збор за ланци или за некои други предмети кои беа изнесени во јавноста, рече Младеновска.

Посочи дека постојат кожни и платнени фиксатори и дека нивното користење е дозволено, а се користат исклучиво за пациенти кои имаат агресивно однесување.

Момчето, како што појасни Младеновска, претходните месеци било хоспитализирано на Клиниката за психијатрија, каде требало да изврши контролен преглед, но не го извршил и заради влошената здравствена состојба, родителите одлучиле да го однесат во Психијатриската болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити се сретна со мајката на момчето со аутизам, кое беше повредено во болницата во Демир Хисар

Момче со аутизам било врзувано на Психијатриската клиника во Демир Хисар, надлежните го испитуваат случајот

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишник со украдено возило прегази малолетничка, која почина

Редакција

Усвоен Извештајот за Македонија: Европскиот парламент го одобрува притисокот што Бугарија го врши за да историјата се толкува на нивен начин

Редакција

Животно осигурување: За кого е, кои се бенефитите од него, и што да очекуваме во иднина!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница