еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

21-годишен прилепчанец загина во сообраќајка на излез од Прилеп

21-годишен прилепчанец загинал во сообраќајна несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Прилеп-Битола на излез од Прилеп, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Сообраќајката се случила меѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки таблички, управувано од К.И. (58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски таблички управувано од С.С. (21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (39) од Ресен.

Возачот на товарното возило и неговиот сопатник З.П. (48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп,“ информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција одобри членство на Шведска во НАТО, остана уште Унгарија

Редакција

Доктор Пановски: Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек

Редакција

Петков предлага формирање на пет работни групи и средба во јануари со новиот премиер на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница