еМагазин
Image default
Локално

384 санкционирани возачи во Скопје: 138 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 384 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 21 лицe, пречекорување на дозволената брзина на движење 138 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 20, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл, 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се обидел да го убие пукајќи од „Голф“ во движење

Редакција

Сузбиена група што издавала возачки дозволи за пари, кривична пријава за осум вработени во МВР

Редакција

Претреси во Сингилиќ, запленети пиштоли

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница