еМагазин
Image default
Македонија

Јанушев: Избори на 5 јули нема да има

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Отворено студио” на ТВ „24“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој зборуваше за пандемијата предизвикана од корона вирусот, справувањето со здравствената и економска криза, како и одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Според Јанушев ситуацијата е повеќе од алармантна поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот и институциите мора да бидат фокусирани на решавање на тој круцијален проблем, а не да се зборува за избори. Тој посочи дека СДСМ и Зоран Заев не смеат да притискаат со датуми за избори само за да ја спасат својата кожа, затоа што животите на граѓаните се поважни од фотелјите.

„СДСМ иако лицитира со датуми, сепак се уште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5-ти јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има”, вели Јанушев.

МИА/Фото: Јанушев/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Изборите не претставуваат ризик по граѓаните, ако се организираат по протокол

Ако нема нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Владата се подготвува за избори, министерот Чулев единствен кој гласал против

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идниот коалициски партнер од албанските партии на ВМРО-ДПМНЕ зависи од „условот Бадентер“, вели Мицкоски

Редакција

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за спорот на Македонија со Бугарија: „Вие не сте она што мислите дека сте„

Редакција

Нотарската комора ги демантира изнесените реакции против нотари во писмото од Амбасадата на Австрија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница