еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Ако епидемиолошката остане стабилна, децата постепено ќе се враќаат во школо

Почетокот на учебната година е сериозен ризик да се влоши епидемиолошката ситуација затоа што голем број деца би биле во една или повеќе затворени простории со можност да комуницираат многу интензивно во текот на денот, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на телевизија „Сител“, информираат од Министерство за здравство.

Тој потенцираше дека дадена е препорака за онлајн настава со неколку исклучоци. Целта е децата да имаат комбинирана настава, но сето тоа постепено да се воведе.

„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација.

Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија“, рече Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 613 граѓани кои не носеле маска

Редакција

Ветото за Македонија останува, идниот премиер Петков ќе ја претставува Бугарија на Советот на ЕУ

Редакција

Ковачевски: Настава мора да се организира и за време на штрајк, апелирам на дијалог за да изнајдеме решение

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница