еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Дожд од утре попладне, на повеќе места и обилни врнежи, најави УХМР

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од југозападен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дијабетичарите најавуваат тужби поради немање терапија, од МЗ велат дека се прават напори да се надминат проблемите

Редакција

(Видео) Родилката која се обиде да си го одземе животот е во многу критична состојба

Редакција

(Видео) Специјалците од „Тигар“ со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница