еМагазин
БЕНЧМАРК

Измамници на пазарот во ЕУ нудат се повеќе лажни вакцини против Ковид-19

Европските администрации треба да бидат крајно внимателни поради измамниците кои нудат лажни вакцини против ковид-19, соопшти Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Во соопштението се посочува дека ОЛАФ веќе поседува извештаи за измамници кои се обидуваат да продадат вакцини во ЕУ.

– Целта на измамата е да се прелажат националните власти во ЕУ кои се обидуваат да ја зајакнат програмата за вакцинација поради безбедноста на своите граѓани, се наведува во соопштението на оваа антикорупциска канцеларија на ЕУ.

Во соопштението се забележува дека ОЛАФ ја проширува истрагата за заштитните производи од ковид-19 поради борбата против трговијата со фалсификувани вакцини добиени од нелегален увоз, како и за фалсификуваните лекови.

Во соопштението, исто така, се додава дека истрагата почнала во март минатата година и дека досега се идентификувани повеќе од 1.000 сомнителни операции и запленети се 14 милиони предмети, вклучувајќи и лажни маски и лажна опрема за тестирање.

Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австрија со нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Редакција

„Втора шанса“ можност за невработени лица кои немат завршено средно стручно образование

Редакција

Македонија губи медицински кадар и специјалисти, граѓаните плаќаат една третина од здравствените услуги без да бидат рефундирани, стои во Извештајот на ЕК

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница