еМагазин
Image default
Македонија

Руските вакцини пристугнуваат утре, вакцинација од среда, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека веројатно во среда ќе почне вакцинацијата, а утре на Скопскиот аеродром околу 14 часот треба да пристигне првата пратка.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога.

Од „Спутник V“ се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.

-Многу веројатно дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре треба да пристигнат на скопскиот аеродром околу 14 часот.

Ги добивме од руската компанија сите потребни документи за да се подготви административната процедура во Агенцијата за лекови, што значи увозна дозвола и сега во текот на викендот и непосредно по доаѓањето и дозволата да се стави во употреба, информира министерот.

Во однос на кинеската вакцина, објасни дека се завршени сите потребни административни работи.

-Ги завршивме сите потребни административни работи, размената на документите и сме во комуникација. Очекуваме тајминг за нивно доаѓање, рече Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 924 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Мицкоски нема да праќа писмо до ЕУ, уставни измени ќе има кога Бугарија ќе одобри членство

Редакција

Објавен оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, но не и за скопското

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница