еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Лекар од болницата во Гостивар издавал и наплатил за лажни ПЦР тестови

Лекар од Гостивар изготвил и наплатил два лажни ПЦР тестови доби кривична пријава и е лишен од слобода

Од СВР Тетово информираа дека претпладнево Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране.

За него полицијата има основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Е. М. се сомничи дека на 7 и 9 овој месец, како лекар во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни „ПЦР-тестови“.

За тоа им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари.

Потврдите за негативен ПЦР тест им биле потребни за патување во странство, наведуваат од СВР Тетово.

Лекарот вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар. Тој денес со кривичната пријава ќе биде изведен пред Јавен обвинител.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мартин Вучиќ: Полна сала за Танец во Мелбурн, полно срце

Редакција

Каков имот пријавил Илир Хасани, заменик министерот за здравство

Редакција

Енигма што прават Спасовски и Филипче во изолација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница