еМагазин
Image default
Македонија

Бугарските книги кои беа задржани на “Деве Баир“, влегоа во Македонија

Од Царинската управа информираат дека над 1.000 книги кои беа задржани на граничниот премин “Деве Баир“, за примачот Културно информационен центар (КИЦ) на Република Бугарија во Скопје, се пуштени до КИЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Царинската управа одговори за случајот со книгите од Бугарија и со тоа е одговорено на сите прашања

Протесна нота од Бугарија за Македонија оти на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

“Во врска со пратката од над 1.000 книги (920 нови и 250 стари) кои беа задржани на граничниот премин “Деве Баир“, каде како примач се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, информираме дека по доставувањето на соодветната документација согласно важечките царински прописи, завршени се царинските процедури и книгите се пуштени до примачот“, велат од Царинската управа на нивната Фејсбук страница.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Распишана национална потерница за Никола Груевски

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти

Редакција

Утрово починала мајката на Јанева, Рускоска вели дека тоа нема да влијае на барањето за притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница