еМагазин
Image default
Балкан

Грција летово очекува колективен имунитет

Ако се земат предвид текот на вакцинацијата, оние кои се веќе вакцинирани и граѓаните кои веќе прележале и развиле одбранбен систем, односно антитела, во текот на летото ќе имаме постигнато имунитет, вели министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

Паралелно, објасни дека до крајот на мај ќе се отвори платформата за закажување термин за имунизација и за други возрасти, но и дека ќе се постигне имунитет за старосните групи кои веќе се вакцинираат.

-До крајот на мај ќе бидат вакцинирани 70 отсто од нашите сограѓани над 60 години, па така, на крајот на мај еден значаен број ранливи групи, возрасни лица и луѓе кои беа во сериозна опасност, ќе бидат вакцинирани. За овие возрасти 70 отсто е имунитет, објасни Кикиљас.

Министерот за здравство на Грција истакна дека во текот на вчерашниот ден биле спроведени 111.000 вакцинации, а околу 100.000 дневно се очекуваат и во следните денови.

Во однос на здравствените работници, Кикиљас рече дека се вакцинирани над 85 отсто од лекарите, но бројките „сè уште не се задоволителни за медицинските сестри, болничарите и останатиот помошен, административен и технички пресонал“ и затоа подоцна ќе се разгледа можноста вакцинацијата за вработените во болниците и здравствените центри да биде задолжителна.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу прашања, малку одговори: Како се случи железничката несреќа во Грција, преживеаните сведочат за пеколот низ кој поминале

Редакција

(ВИДЕО) Стотици автобуси со знамиња со Александар и сонцето од Вергина и тапани тргнаа за Атина на протест за името Македонија

Редакција

Словенија од денеска со нова одлука за влез во државата: Потврда за вакцина, негативен ПЦР тест или прележан Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница