еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајанов: Мора сите да го видиме Протоколот, нецела страница добивме, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап

Редакција

Што објавија Асанж и Викиликс за Македонија: Киро Глигоров верувал дека Македонците ќе прифатат компромис за името

Редакција

Ќе се предомисли ли Беса: Управниот суд одлучи да не се прегласува во Желино

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница