еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Индискиот сој на коронавирусот e регистриран во 92 држави, велат од СЗО

Варијантата Делта за коронавирусoт, што за првпат беше откриена во Индија, веќе е регистрирана во 92 држави. Тоа го објави на брифинг во Женева, Марија ван Керхов, техничка раководителка на Светската здравствена организација (СЗО) за борба против Ковид-19.

„Оваа варијанта на коронавирусот предизвикува посебна загриженост затоа што е позаразна и рапидно се шири низ целиот свет,“ нагласи таа.

Според неа, прелиминарните истражувања исто така покажуваат дека инфекцијата со варијантата Делта го зголемува ризикот од хоспитализација.

„Ќе треба долго време да се контролира ширењето на тој сој,“ додаде ван Керхов.

Таа истакна дека некои вакцини се помалку ефикасни против варијантата Делта, но во сите случаи помагаат да се спречат тешка клиничка слика и смрт.

Експертот на СЗО предупреди дека во иднина не се исклучуваат други мутации во коронавирусот што можат да ја намалат ефикасноста на вакцините.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скокнал у Вардар по крстот, фатил стара машина за перење алишта“: Твитер реакции за Богојавление-Водици

Редакција

Лажни сите пријави за бомби во училиштата во Скопје

Редакција

(Галерија) Модната компанија Магнетик приреди „модна фузија”: Настан кој го разбуди градот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница