еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Кој друг ако не Миле, Миле е за се крив“, рече Јанакиески во завршните зборови за “Организаторите на 27 април“

Пресудата за случајот „Организатори на 27 април“ ќе биде објавена на 26 јули од страна на Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје, предводен од судијата Илија Трпков.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во завршните зборови за овој случај рече дека очекува да биде ослободен, бидејќи со ниту еден доказ или сведок, Обвинителството не успеало да потврди дека сум организатор на настаните од 27 април.

„Не сум јас тој што треба да седи тука пред вас, на оваа обвинителна клупа. Каков организатор сум јас на настаните од 27-ми, ако јас не сум кажал да се отворат вратите, ако јас кажувам да се оди во прес салата, и да се стои пред некого и ако Крсто Муковски оди да ги отвори вратите?

Затоа фикции на Обвинитеството се дека јас сум организатор, зошто најлесно е да се каже: па кој друг ако не Миле, Миле е за се крив,“, рече Јанкиески пред судот.

Тој се повика и на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој пред судот рече дека не верува дека обвинетите  се организатори.

Против Јанакиески деновиве се покрена и ново обвинение за набавката на двокатните автобуси од Кина, за што тој рече дека е „демонстрација на сила“.

„Една честитка за да ме дефокусира, зошто пет години се водеше истрага, а токму денеска пред моите завршни зборови излезе ново обвинение,“ рече Јанакиески и додаде дека „е единствен човек од 1945 година наваму против кого има осум кривични постапки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанакиески, Јанушев и две други лица обвинети за набавката на двокатните автобуси од Кина

Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот Албанија забрани меѓуградски сообраќај

Редакција

Убава вест: 1.068 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Температура, малаксаност, кашлица: Кои се најчестите симптоми кај позитивните на Ковид-19 во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница