еМагазин
Балкан

Стартуваа консултациите на Радев со Има таков народ за формирање влада во Бугарија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, на почетокот на консултациите со партијата што победи на парламентарните избори Има таков народ ја поздравува нивната одлука за отворање дијалог со другите партии.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Радев смета дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка за економијата, за важните социјални прашања, за нерешавање на итните прашања, како и за ребаланс на буџетот на Бугарија.

Заменик претседателот на Има таков народ, Ташко Јорданов, изјави дека неговата партија ќе предложи влада.

– Сите сфаќаме дека наша е одговорноста како победници на парламентарните избори. Претседателот Трифонов веднаш, следниот ден по изборите, рече дека сме свесни за оваа одговорност и ќе ја преземеме со јасна свест за тоа што се бара од нас. Свесни сме дека ние мора да се обидеме да направиме кабинет и Националното собрание да работи, рече Јорданов.

Тој изрази надеж дека доколку политичките субјекти надминат некои свои партиски интереси и делови од програмите, што не се во согласност со оние на другите, тие ќе можат да формираат доволно стабилно парламентарно мнозинство за да ја изберат новата влада на Бугарија.

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовскиот полицаец во северно Косово

Редакција

Шест лица ранети во судир со оружје и ножеви помеѓу Грци и Албанци во близина на Атина

Редакција

Српскиот професор за глума Мика Алексиќ, осомничен за силување, останува во притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница