еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети: Изборниот процес помина според очекуваните стандарди

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во партиското седиште оцени дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди. Тој посочи дека во вториот круг извесна е победа на партијата во неколку општини.

-Ова е важен процес заради тоа што граѓаните се определуваат за тоа кој ќе раководи со општините во наредните четири години.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на гласачите, шефовите на штабови, централните штабови, на ограноците за неуморната работа што ја направија да целиот процес.

Во првиот круг добивме градоначалник за Липково, Пласница, Сарај. Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и Арачиново. Се уште се бројат во Тетово и Гостивар, во очекување сме на конечните резултати, изјави Али Ахмети.

На крајот од обраќањето до новинарите лидерот на ДУИ рече дека ќе замине во Кичево на прослава за освеното градоначалничко место со сопартијците.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари

Редакција

Нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Редакција

Студентските домови што се во лоша состојба во 2023 ќе бидат вклучени во планот за инвестиции, најави Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница