еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков до Радев: Посетата на Северна Македонија не е избрзана, туку „ужасно многу задоцнета“

Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку „ужасно многу задоцнета“, реагираше бугарскиот премиер Кирил Петков на изјавата на претседателот на Бугарија, Румен Радев дека неговата посета на Скопје била избрзана.

– Вистината е дека Бугарија изгуби 30 години во тие односи. Мојата посета не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Не јас како премиер, таа беше задоцнета, бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап, рече Петков.

Тој изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години.

– Јас не можев да издржам да ја одложувам посетата за ниту еден ден, додаде Петков.

Претходно, Радев рече и дека секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ОМО Илинден му вратија на Радев: Бугарскиот претседател повторно лаже за Македонците во Бугарија

“ОМО Илинден биле сепаратисти“: Радев лут на Пендаровски оти се сретнал со Македонците од Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕК е решена да започнат преговорите до крајот на оваа година, но не може да гарантира

Редакција

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради наскоро

Редакција

Мицкоски: Очекувам ДУИ барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница