еМагазин
Image default
Бизнис

Регулаторна комисија за енергетика денеска ќе го разгледува предлогот за укинување на лиценцата на БЕГ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РЕК) денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Се очекува следната недела да се закаже главна седница главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп, изјави за МИА, Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски минатата недела најави дека Комисијата е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп.

-Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност.

За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АСОМ: Над 8.000 вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување ако се усвојат предлог измените на Законот на игрите на среќа

Редакција

Бројот на туристи зголемен за 38,3%

Редакција

Стопанска комора со вонредна седница: Бизнисмените уште еднаш ќе му „нацртаат“ на Тевдовски дека се против прогресивното оданочување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница