еМагазин
Локално

Жител од Здуње не дал да се омажи сестрата, па му се заканиле дека ќе го убијат

Закана со пиштол добил А.М. од Здуње бидејќи не ја дал сестрата да се омажи за Н.Е. од Врапчиште, Тетовско.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.М. (28) од село Здуње, Гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошол Н.Е. од село Врапчиште, Тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата сестра.

Откако А.М. не дозволил, Н.Е. извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

89-годишната жена од Оризари која се удави во канал за наводнување претходно синот ја пријавил за исчезната

Редакција

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај до понеделник поради асфалтирање

Редакција

Насилник нападнал и пукал кон момче од скопско Кучевиште

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница