еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Руска амбасада за изјавите на Пендаровски: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и С Македонија, се вели во реакцијата објавена од Руската амбасада во Скопје во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21 на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со активностите на Русија во земјава и во балканскиот регион во целина.

– Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи.

Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост, се вели во соопштението објавено на веб страницата на амбасадата на Русија во Скопје.

Фото: Руска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Предлог-место за посета по завршување на кризата со коронавирусот: „Бел рај“ Миравци

Редакција

Што ќе значи за клиентите спојувањето на Охридска и Шпаркасе банка

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница