еМагазин
Image default
Бизнис

Фирма, донатор на ДУИ, која ги печати сведителствата, организатор и на прославата за Рамковниот

Тетовската фирма “Арбериа Десигн“, фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор, објави Радио Слободна Европа.

„Арбериа Десигн“ која ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик.

Според податоците на Бирото за јавни набавки, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендер од државата од околу 4 милиони евра.

Како што објави РСЕ, според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Минатата година годишнината од Рамковниот се славеше со 500 илјади евра, сега, пак, се планира да се потрошат речиси 100 илјади евра, покажуваат податоците на Бирото за јавни набавки.

Организатор на одбележувањето на годишнината од Договорот со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година е Министерството за политички систем, на чие чело е првиот вицепремиер Артан Груби, кој е кадар на ДУИ.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мега тендер: ЕСМ склучи договор со Марковски компани, вреден 46 милиони евра

Редакција

Трговијата, транспортот и сместувањето со најголема додадена вредност во структурата на БДП во 2019

Редакција

Рудници Бањани лани со добивка

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница