еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бугарија ќе го стави на располагање својот гасовод на Македонија

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија.

Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово.

Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД ќе ги претстават пред јавноста правилата и процедурите за снабдување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултациите ќе продолжат до 27.10.2022 година и имаат за цел да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Македонија и комерцијалн пренос од Македонија во Бугарија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Олеснети мерките за организирање спортски и други настани

Редакција

Црвен картон за работењето на МОН: Студентите бараат навремена исплата на средствата, според календар

Редакција

Македонско лето: Врвулица од криминалци барани од Интерпол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница