еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Европол: Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа.

Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе, соопштија од Европол во врска со операцијата во која учествувале полициските служби на 28 земји.

Регистрирани се 2.500 нелегални влегувања на територијата на Европската унија и запленети се 106 парчиња огнено оружје.

Запленети се и 304 килограми хероин, 147 килограми канабис и 1,3 килограми кокаин.

Балканската рута преку која илјадници транспортни возила влегуваат на територијата на Европската унија, активно се користи за илегална трговија со луѓе, огнено оружје и дрога до европските земји, посочуваат од Европол.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадорот Кучи се враќа во државата заради распит во МВР за истрагата за пожарот во Кочани

Редакција

(Галерија) Како познатиот ресторан „ФУК ТАК“ во Дојран стар повеќе од 100 години го добил името

Редакција

Една економија – нула царини, 100 отсто слободна трговија и нула пречки за движење на граѓаните, најавија Заев, Рама и Вучиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница