еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Спасени две лица кои со квадрицикл паднале во провалија на Караџица

Две лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вилата „Принц“ на Караџица, синоќа беа извлечени во стабилна состојба со веројатни скршеници и беа предадени на две екипи на Итната медицински помош, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Претходно, ЦУК соопшти дека на бројот 112 добиле повик за помош од две лица кои со квадрицикл излетале од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вила „Принц“.

За настанот биле известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани без работна дозвола ќе можат да работат во Србија и Албанија

Редакција

Твитер „збесна“ за мерките за загадувањето: „Од утре ќе мириса на јоргован и ќе денсаме голи под виножито“

Редакција

Почна судењето: Мухамед Зеќири не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже обвинението

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница