еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија го алармирала НАТО за дојавите за бомби

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната посета на Општина Липково информриа дека вчера се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава.

Османи потенцраше дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот.

– Ова се случува и во регионот. Црна Гора одлучи училиштата да бидат онлајн поради секојдневните предупредувања за експлозивни направи. Истото се случува и во Хрватска.

И ова ми даде сигнал дека тоа е регионален пристап како хибриден напад врз регионот, за што беше и еден начин за да ја алармираме НАТО. Вчера комунициравме со структурите на НАТО за да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината, рече Османи.

Министерот Османи информира дека за форензиката на е-маиловите со закани контактираат и со другите партнери со кои земјава има билатерални односи за, како што рече, да видиме од каде доаѓаат изворите на овие елекстронски пораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Закани за убиства на невини луѓе, до „северномакедонската“ влада, премиерот и неговата партија во дојавата за бомба во Куманово

И НАТО не може да не спаси од лажни дојави за бомби

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

575 милиони евра потрошени за автопатот Кичево-Охрид, кој се уште не е завршен, открива Државна ревизија

Редакција

Гевгелија ќе добие градоначалник во вториот круг, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

„Авто гума“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на гумени прстени вреден 944.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница