еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев: На суд ќе докажеме дека обвинението нема никаква основа

Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама, регираат од клиниката „Жан Митрев“.

-Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже, бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жан Митрев обвинет за измама

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Редакција

Нов пункт за издавање лични документи ќе биде отворен во Идризово

Редакција

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува уставни измени под вакви услови, но е спремна да влезе во влада со СДСМ без ДУИ

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница