еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нема готов текст, следствено нема договор, вели Курти

Оптимист сум, внимателен сум и ќе направиме се за Репулика Косово, уставноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, јавниот и народниот интерес за сите граѓани без разлика, бидејќи јас сум премиер на Републиката и на сите граѓани, истакна косовскиот премиер Албин Курти за косовските медиуми по средбата со лидерот на Демократската ујина за интеграција Али Ахмети.

– Охридското Езеро е тектонско езеро, по е тивко и убаво место. Во оваа прилика, освен што сум оптимист, дојдов со намера и добра волја дека договорот постигнат претходно, кој за жал не беше потпишан во Брисел на 27 февруари, ќе продолжи преку разговори за планот за имплементација и на овој начин да се заврши договорот за нормализација, рече Курти.

Курти потенцираше дека ќе продолжуваат разговорите за планот за имлементација, бидејќи, како што рече, нема готов текст.

– Се додека нема готов текст, не може да има завршување на разгоровите, па додека нема завршување на разговорите не може да има договор. Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со фоговор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов тука за разговори за разговори, туку на разговори за договори, рече Курти.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во поплави во Европа најмалку осум загинати

Редакција

(Видео) Студентите во Србија ја “оживееа“ песната „За милион години“ на Ју рок мисија, која им стана химна

Редакција

Конечно убава вест од Кина: Повеќе од 130 лица излекувани од коронавирус

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница