еМагазин
Image default
Македонија

Нимиц: Чекање нов договор за името е многу ризична идеја

Поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине, вели посредикот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во интервју за БИРН во однос на оспорувањето на постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција.

За него, идејата за долготрајно чекање и неспроведување на договорот е многу ризична.

– На оние во вашата држава што велат ‘ајде да почекаме, да оставиме уште неколку години, ќе имаме подобар договор во иднина’, jас им велам ‘Не знаете тогаш каде ќе биде ЕУ, дали ќе сакаат уште една членка, дали ќе сакаат тоа да биде вашата држава, не знаете каде ќе биде НАТО, не знаете што ќе се случи во Грција со смената на власта, не знаете што ќе се случи во регионот. Идејата за долготрајно чекање е многу ризична“, нагласува Нимиц.

Вели дека е воздржан оптимист, но оти сепак, не е сѐ готово. За договорот да биде спроведен, треба да помине референдумот, да се усвојат уставните измени и потоа грчкиот парламент да го ратификува.

– Се надевам дека ќе помине во двете држави, затоа што е фер и чесно решение за двете страни, но ако не помине, не гледам решение во скоро време. Поминаа 25 години, може да поминат уште 25. И многу луѓе ќе го загубат интересот, ако ова не помине сега во вашата држава, предупредува Нимиц во интервјуто за БИРН.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затекнатите 114 лица може да го напуштат Дебар

Редакција

Заразен рудар е првиот случај на Ковид-19 во Македонска Каменица

Редакција

Сведок на одбраната не дојде, одложено судењето против Мухамед Зеќири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница