еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција нема да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, велат од владата за упадот на Златна зора на изложбата на Андреевски

Грција нема да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада, Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската ошпштина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреевски, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.

– Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Маскирани членови на Златна зора упадна на изложбата на македонскиот уметник Андреевски во Солун

За инцидентот со македонскиот уметник Андреевски во Солун, МНР ги алармираше грчките власти, а грчката амбасадорка е повикана на разговор

МИА/Фото: ЕРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за два денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид-19, бројката на активни се намали под 10.000

Редакција

Нови пунктови за масовна вакцинација ќе има во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница