еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина 47-годишната жена што беше тешко повредена во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија

Почина 47 – годишната жена што беше тешко повредена во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија.

– Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач која била сама во автомобилот, велат од Обвинителството за МИА.

Претходно, од СВР Велес потврдија за МИА дека денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети: ДУИ избра 16 секретари на секретаријати

Редакција

Од утре задолжително зимска опрема во возилата

Редакција

Ќе го вакцинирам детето против Ковид-19, најави Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница